Систем што сите сакаме да го имаме
» Се сеќаваме од авто-школа една од најтешките работи што моравме да ги совладаме беше тргнувањето на нагорница – дури и по земањето на возачката дозвола, голем број возачи имаат проблеми со тоа. Но сега не мора да се грижат – со поновите автомобили тоа е толку лесно, полесно не може да биде. Како работи не треба да се објаснува – кога сензорите на возилото ќе детектираат дека предниот дел е на повисоко ниво од задниот, возилото стои а возачот ја има притиснато педалата на сопирачките, електрониката ја активира рачната сопирачка и ја држи неколку секунди откако возачот ќе ја дигне ногата од педалата. Тоа му овозможува тој нормално да тргне по нагорницата без страв дека возилото ќе се задвижи наназад. Покрај ова, се штеди и спојката.
Првиот автомобил опремен со ваков систем (кој тогаш беше механички) беше американскиот Studebaker President уште дамнешната 1936 година.