Автономија од 400 километри
» Освен бензин, дизел и плагин хибридните изведби, Peugeot 308 ќе биде на располагање и во електрична верзија. Таа уште лани е најавена за 2023 година, а сега се познати и првите детали за неа. Ќе биде на располагање од јули идната година во хечбек и караван варијанти, при што багажниот простор нема да настрада бидејќи батериите ќе бидат сместени во подот – ќе остане ист како и кај хибридниот модел. Ќе работат на 400 волти и ќе имаат бруто капацитет од 54 kWh од кои 50 ќе можат да се користат, што е доволно за автономија од 400 km. За погон ќе се грижи еден електромотор од 156 KS и 270 Nm, а ќе можат да се користат полначи од 100 kW, кои за една минута испорачуваат струја за поминување 11 km. После појавувањето на e-308 за кој се очекува да се определат 20 отсто од купувачите, по истиот електричен пат ќе тргнат и Opel Astra и DS 4.