Зелена еволуција
» Со плаг-ин хибридната технологија, Wrangler, Compass и Renegade 4xe се пионери во зелената еволуција на марката со 80 годишно искуство и лидерство. Моделите од новата хибридна гама на Jeep се поврзани, електрифицирани, забавни за возење и полни со еколошка технологија. Електрифицираните модели на Jeep ја носат ознака 4xe, насочено кон постулатите за ефикасност, перформанси и одговорност. Новата плаг-ин хибридна гама останува верна на способноста на сите терени, додека во исто време се подобрува искуството на патот, со брз одговор и забрзувања. Зголемениот вртежен момент генериран од електричниот погонски систем и моќта возилата да се прилагодат со екстремна прецизност, обезбедува дури и поголема способност на сите четири тркала на секаков терен, за предизвикувачки off-road авантури, со одговорност и почит кон околината. Благодарение на електричната плаг-ин хибридна технологија, емисиите на CO₂ се пониски од 50 g/km во хибриден режим, а трошоците за одржување се намалени. Но, фокусот на марката кон одржливоста оди подлабоко од ова и започнува со производствениот циклус дизајниран така да најмалку можно влијае на животната средина.
Однадвор возилата од Jeep 4xe плаг-ин хибридната гама се издвојуваат моделите со мотор со внатрешно согорување благодарение на впечатливите електрично-сини детали во дизајнот како знак за распознавање. Стандарден носител на новиот курс на Jeep е незапирливиот Wrangler 4xe, електрифицираната верзија на легендата на марката со најголема способност, како и најмоќна, најефикасна, најодржлива и технички најнапредна досега. Тој е резултат на вешта рамнотежа помеѓу најнапредната технологија и најслободниот и воедно најавтентичен дух на марката. Со 380 KS комбинирана максимална моќност и 4х4 погон во целосно електричен режим, располага со автономија за да помине 50 km со нула емисија на штетни гасови. Renegade 4xe кој заедно со Compass 4xe се произведуваат во Италија се појдовна точка на еволутивниот пат на Jeep кој преку електрификацијата на гамата придодава и софистицирани технологии, а притоа ги задржува историските вредности за авантура, автентичност, слобода и страст. И двата модела се на располагање со ефикасен плаг-ин хибриден систем со 190 или 240 KS.
Промотивно, 4xe моделите на Jeep од плаг-ин хибридната гама се достапни и со специјален кредит за хибридни и електрични возила без учество, со 3,75% фиксна каматна стапка и со рок на отплата до 5 години.