За Lada сепак направен е исклучок
» Renault, откако беше критикуван дека се плаши да прекине со индустриските активности во Русија заради заканите на властите дека ќе ги национализираат компаниите кои ќе го сторат тоа, сепак ја донесе тешката одлука и производството во фабриката во Москва запре. Но само таму – во краткото соопштение до јавноста, менаџментот на францускиот производител наведува дека имаат одговорност кон 45-те илјади вработени во AvtoVAZ и дека засега само ги разгледуваат можните опции. Да потсетиме, Renault е сопственик на две третини од акциите на производителот на Lada.