600 KS, 365 km/h
» Škoda Octavia ни оддалеку не е возбудлив автомобил, иако нејзините RS варијанти имаат сосема добри перформанси. Токму тоа пред 10 години тоа ги предизвика вработените во техничкиот центар на марката во Велика Британија да ги испитаат крајните можности на практичната чешка лимузина. Со помош на голем турбокомпресор, подобар интеркулер, нови бризгалки и други тркачки измени, после ремапирањето од стандардниот 2,0 литарски TSi мотор се извлечени цели 600 KS. Сменети се и менувачот, диференцијалот, тркала и уште пар работи и сето тоа однесено во САД, на соленото езеро Бонвил, каде Octavia постигна 227,080 милји на час, односно 365,417 km/h.
Ова е видеото од тогаш.