Ако мислите дека сте виделе сé…
» Mazda е една од поретките компании кои оставаат впечаток дека се грижат врската меѓу возачот и машината да остане цврста и долготрајна за извлекување максимално уживање не само во возењето, туку у во поседувањето на автомобилот. А за тој да биде совршен, неговиот сопственик непрестајно инвестира во него разубавувајќи го до мерка која понекогаш само тој може да ја сфати. Токму тоа и се има случено со оваа Mazda MX-5. Погледнете го видеото, сé ќе ви стане јасно.