Послужи и како бетмобил
» Непредизвикан од ништо, Ford за салонот на автомобилите во Чикаго во 1955 година го подготви футуристичкиот концепт Lincoln Futura. Направен од страна на италијанското дизајн студио Ghia на подвозје од Continental MK II со 6,0 литарски V8 мотор, тој на јавноста ѝ беше покажан на денешен ден, три дена откако беше претставен на специјализираните новинари. Реакцијата, очекувано, беше бомбастична ама Ford немаше никакви планови за неговата иднина. Но тој сепак ја имаше – на телевизија и во филмовите, меѓу кои и како бетмобилот на Бетмен од ТВ серијата ’60-тите.