Под капата на Volvo
» Во периодот 1972-1975 година Volvo ја заокружуваше сопственоста над автомобилскиот бизнис на холандскиот DAF, вклучително и седум години старата фабрика NedCar, кој целосно премина во раце на Швеѓаните на денешен ден пред 47 години. Како мираз ги доби и моделите 46 и 66 познати по своите вариоматски менувачи, од кои помалиот го пензионираше а поголемиот го релансираше под своите ознаки. Исто така доби и скоро целосно развиен модел кој го претстави наредната 1976 година како серија 300. Значајно за Volvo беше и тоа што Холанѓаните имаа склучено договор да го опремуваат своите возила со мотори од Renault.