Претходникот на југословенската камионска легенда
» На 30 октомври 1953 година во FAP беше произведен првиот камион, направен по лиценца на австрискиот Saurer, кој иако во основа потекнуваше од 1934 година најуспешно ги помина тримесечните тестовите во конкуренција на слични камиони од Mercedes, Fiat, Renault, Leyland и Deutz. На почетокот во Прибој се произведуваа две верзии – 4G и 6G, во изведби со товарен сандак или кипер и со погон на задните или на сите тркала. Првиот модел имаше четирицилиндричен 5,3 литарски мотор со 90 коњски сили, носивост од 5 тони и постигнуваше максимална брзина од 68 километри на час, а вториот кој беше малку подолг и се произведуваше и како влекач, се опремуваше со мотор со шест цилиндри од 8 литри со 130 KS, имаше носивост од 7 тони и постигнуваше само 62 km/h. Од него во 1962 година настана легендарниот FAP 13, кој остана во производство сé до 2003 година.