Првиот автомобил побрз од 200 km/h
» На денешен ден 1948 година Jaguar го претстави моделот XK120. Тој не само што беше прв спортски автомобил на британската марка после 1939 година, туку и првиот сериски автомобил побрз од 200 km/h. Изведен како отворен двосед, неговиот 3,4 литарски мотор со 162 KS му овозможуваше постигнување фабрички декларирани 120 милји на час (193 km/h), бројка која е содржана во неговата ознака. Но веќе на првите возења се покажа дека е побрз – еден од претпроизводствените примероци достигна 201 km/h, а друг со одредени зафати за да се подобри аеродинамика,а дури 213 km/h. До 1954 година беа произведени 12.055 примероци