Започна нова ера за легендата
» На денешeн ден 1986 година започна продажбата на Jeep Wrangler. Иако претставен додека марката беше под Renault, а лансиран на пазарот од новиот сопственик Chrysler, Jeep Wrangler целосно беше развиен од страна на AMC, кој ја внесе легендата во нова ера. И покрај помодерниот изглед, овој модел е индиректна прогресија на воениот теренец со кој има многу што заедничко, не само концепцијата. Главната разликата е во тоа што тој повеќе беше ориентиран кон комфорот со пошироките траги на тркалата и пониското растојание од подлогата, додека меѓуоскиното растојание беше задржано.