Tags:
Вбризгување во повеќе точки (видео)

Што е Multipoint Injection?

» MPI што е кратенка Multipoint Injection (некогаш се среќава и под ознаката MFI – Multipoint Fuel Injection) или во превод вбризгување во повеќе точки е концепција на напојување на бензинските мотори со посебна бризгалка за секој цилиндар (на сликата долу на средина), при што горивото се вбризгува во всисната гранка за разлика од современите системи за директно вбризгување кај кои тоа се прави во комората за согорување (на сликата десно). Оваа технологија кон средината на ’90-тите години масовно започна да ја заменува дотогаш присутната концепција со централно вбризгување (SFI – Singlepoint Fuel Injection односно вбризгување во една точка, на сликата лево) која го наследи класичното напојување со карбуратор со негова замена со брзигалка. Разликите може да се видат на видеото.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *