Мислевме дека веќе ја има на улиците, ама…
» Што да кажеме? Како концепт ја видовме пред скоро две години а како сериски модел лани ова време, од кога Nissan редовно ни сервира вести за неа, така што мислевме дека веќе ја има на улиците. Ама не било така – од Јапонија стигна вест дека Nissan започнал да собира преднарачки за Ariya. И тоа не е сé – засега само домашните купувачи можат да ја изразат својата заинтересираност за овој очигледно добар електричен кросовер, чија цена започнува од 6,6 милиони јени односно околу 50 илјади евра. Кога тоа ќе можат да го сторат возачите од другите региони во светот не се знае, но познато е дека првите купувачи на него во Јапонија ќе чекаат до зимава. Аирлија нека е!