За бескрајно луда забава
» Далеку од обичен, овој електричен картинг од Xiaomi беше создаден со допринос од Lamborghini, заради што името му е дополнето со Lamborghini Edition. Бојата е специјална жолта, исто како и италијанските суперавтомобили, од кои има преземено некои дизајнерски детали и амблемот. Има батерија од 432 Wh која треба да му обезбеди поминување добри 62 круга од по 400 метри, и тоа со брзина од 40 km/h. На малите тркала се монтирани специјални пневматици со кои лесно се натерува на дрифтање, а она што навистина возбудува е специјалниот аудио-систем кој го имитира звукот на V10 машините на Lamborghini. Цената му е нешто малку пониска од 1.500 долари.