Денешниот ден во ретровизор <br/>21 март 1947 година

Патентирано мекферсон ослонувањето

» Американскиот инженер Ерл Мекферсон на денешен ден 1947 година поднесе барање за патентирање на нов тип ослонување. Наречено според него, овој систем за ослонување на тркалата денес е најчесто користен кај автомобилите. Во тоа Мекферсон беше главен инженер на проектот Chevrolet Cadet од кој требаше да произлезе компактен автомобил со цена под 1.000 долари. Тој за него разви систем за ослонување за кој делумно беше инспириран од една конструкција на Fiat од 1920-тите години, но неговото решение не беше во целост искористено. Откако проектот беше откажан, Мекферсон го напушти General Motors и премина во Ford. Така, првите автомобили кои го имаа имплементирано мекферсон ослонувањето беа моделите Consul и Zephyr на британската филијала на американскиот производител.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *