Tags: , , ,
Volkswagen, Škoda и Cupra ги најавуваат новите електрични урбани возила

Од Шпанија за цел свет

» Секој за себе но сите заедно, Volkswagen, Škoda и Cupra за 2025 година подготвуваат помали електрични модели за кои ќе биде искористена скратена верзија на MEB платформата. Дел се од обемниот инвестициски пакет на групата тежок 10 милијарди евра и ќе се произведуваат во Шпанија. Со него е предвидена изградба и на нова фабрика за батерии во регионот Сагунто од каде ќе се снабдуваат производствените линии во Марторел и Памплона. Тоа ќе биде трета од шесте најавени фабрики за батерии кои VW групата ќе ги изгради во Европа до 2030 година. Две од нив веќе се потврдени за Германија и Шведска, а за другите во трката преостанаа Чешка, Словачка, Полска и Унгарија.

Што се однесува до самите автомобили, тие во суштина ќе бидат замена за Up!, Citigo и Mii. Volkswagen на минатогодишниот салон на автомобили во Минхен веќе даде силни назнаки за своите планови претставувајќи го ID.Life, но некои извештаи од почетокот на годинава сугерираат дека дизајнерскиот тим е вратен на цртачките табли за автомобилот да добие пофутуристички изглед. Моделот на Cupra ќе биде еволуција на необичниот UrbanRebel, а пристапот на Škoda ќе биде потполно нов.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *