Tags: , ,
Volkswagen Passat B1 (1973-1988) – Милионски успех на крилјата на Audi 80

Првиот успешен Volkswagen на новото доба

» Volkswagen Passat, претставен пред половина век на салонот во Женева, е изведба на европскиот автомобил на 1972 година Audi 80. Разликата е во каросеријата која место седан е со спуштен, фастбек заден дел со две и четири врати. Иако после одличниот старт на Audi 80 не беше лесно да се позиционира на пазарот, Passat е школски пример за успех. На тоа влијаеше и лансирањето на караванот една година подоцна и верзиите со три и пет врати во ’75-тата. Добро лежеше на патот, а и изборот на пакети опрема не беше лош. Го дизајнираше Џорџето Џуџаро.

Овој модел беше првиот успешен плод од купувањето на Auto Union од Daimler во 1964 година, со цел преземање на технологиите за преден погон и мотори со водено ладење. Сепак првиот Volkswagen со погон на предните тркала беше K70 од 1970 година, кој беше целосно развиен од NSU но лансиран со знакот на VW. Заради лошата аеродинамика и лошите мотори не се прослави и челниците од Волфсбург брзо му побараа замена. Passat имаше лесна конструкција и солидна аеродинамика (0,38), а внатрешноста му беше богата, прегледна и функционална. Погонскиот склоп, моторот, четиристепениот менувач и диференцијалот беа поставени надолжно и закосени во десно, за да се намали висината на хаубата.

Беше долг 4,18, широк 1,6 и висок 1,37 метри, со меѓуоскино растојание од 2,47 метри. Основниот мотор беше 1,3 литарски со 55 KS, а посилните верзии беа опремувани со 1,5 литарски агрегат со 75 и 85 KS. Успехот му беше фуриозен – веќе пред крајот на 1976 година беа произведени милион примероци. Наредната година доби редизајн со поелегантна маска и подобра антикорозивна заштита, а во 1978-мата понудата беше проширена со дизелот од Golf и со неговиот 1,6 литарски 110-коњски мотор од GTi верзијата. Имаше солиден темперамент дури и во најслабата верзија, додека најсилната забрзуваше до 100 километри на час за 10,5 секунди и постигнуваше максимални 185 km/h. Дизелот пак се прослави со својата еластичност и ниска потрошувачка.

Passat од првата генерација во Германија се произведуваше до 1981 година, а во Бразил дури до 1988-мата. Се произведуваше уште и во Белгија, Австралија и Јужна Африка. Вкупно се направени повеќе од 2,7 милиони примероци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *