Време е за претставување
» За ID.Buzz прв пат слушнавме во 2017-та, така што сега навистина е време за негово претставување, што Volkswagen очигледно ќе го направи во голем стил бидејќи идната сé уште недојдена година ја посвети на него. Но и сега ништо ново не ни кажа исто како и кога претходно последен пат го видовме за време на премиерата на ID.5. Сепак она што се знае за електричното комби кој ќе ја продолжи децениската традиција по нов пат е доволно – дека ќе ја користи MEB платформата од ID.3, дека ќе доаѓа во две суштински различни изведби, дека (најверојатно) ќе има батерии од 77 kWh и дека покрај во Германија ќе се произведува и во САД… А да, ќе заборавевме – се подготвува и автономна верзија од него – нешто идеално современите хипици да патуваат во потрага по легална набавка на „репроматеријали“ за својот духовен мир.