Нови времиња, нови погони
» Volkswagen објави дека сака да изгради потполно нова фабрика за електрични автомобили во близината на Волфсбург, во која би се произведувале возилата кои ќе произлезат од проектот Trinity. Одлуката сé уште не е донесена, но факт е дека Tesla станува сé посилна конкуренција не само за најголемиот производител на возила во светот. За полесно да се справи со тоа, Volkswagen мора да смени доста во својата организација на работа, почнувајќи од клучното – ефикасноста. За тоа се потребни инвестиции во нови погони кои ќе овозможат времето потребно за производство на еден (електричен) автомобил да се скрати за три пати, на 10 часа. Новата фабрика во која ќе бидат инвестирани стотици милиони евра треба да има капацитет за 250 илјади возила годишно. Се очекува возилата од линијата Trinity да започнат да се произведуваат во 2026-тата, а планот е VW да направи околу 40 милиони возила на оваа техничка платформа.