Tags: ,
Volkswagen ги распродаде електричните возила за годинава

Кој сака, ќе чека

» Продажбата на електрични возила соборува рекорди на кои се надева и Volkswagen кој има желба до 2025-тата да стане нивни најголем производител. Колкави се шансите тоа да се оствари кажува веста дека компанијата ги има пополнето сите свои производствени капацитет за годинава и практично електричните возила се распродадени – идните купувачи на своите возила можат да сметаат дури во 2023 година. И тоа за само четири месеци од oваа, 2022! Тоа лично го изјави шефот на VW Херберт Дис кој откри дека компанијата во САД и Европа има насобрано огромни нарачки за електрични возила за оваа година и дека со проблемот со испораките се соочуваат сите модели. Конкретни бројки не спомна, но се проценува дека Volkswagen наводно има 300.000 нарачки за електрични возила само во Европа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *