Tags: ,
Uran

Не е руски тенк, ама не е ни далеку од тоа

» Дека не сте чуле за теренско возило со назив Uran никого нема да изненади. Истото важи и за рускиот оклопен транспортер БМП-1, или пак за Генадиј Хаинов. Нив ги поврзува споменатиот мотор и еден неименуван руски политичар од Москва, кој во 1998 година посакал да поседува нешто уникатно. Го ангажирал Хаинов, кој како надежен инженер и талентиран конструктор на автомобили започнал од празен лист хартија и мастодонскиот дизел мотор со 300 коњски сили. Му требале пет години, голема креативност и разни други делови од автомобили, камиони, автобуси па дури и авиони, за на крајот на краиштата да произлезе овој ексцентричен теренец со абнормални пропорции. Но, политичарот во меѓувреме бил избран во државната дума и да се појавува во јавност со нешто вакво, благо кажано, би било неумесно. Тој иако го исфинансирал целиот проект никогаш не го регистрирал овој екстравагантен теренец, оставајќи го десетина години да собира прашина. Долго време заборавен од заедницата и ентузијастите, го купува друг, исто така неименуван сопственик, кој сега го чува некаде во Русија далеку од очите на љубопитните.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *