Ќе им се допадне на Американците
» Со својот храбар изглед и моќните погонски групи, третата генерација на Toyota Tundra дрско го предизвикува Ford F-150. Дефинитивно ќе им се допадне на Американците за кои овој пикап е и наменет и ќе им го привлекува вниманието и со модерниот ентериер. На располагање ќе биде во Double Cab и CrewMax верзии, со 3,4 литарски твин-турбо V6 мотор со 389 KS и 649 Nm и со неговата хибридна варијанта со вкупно 437 KS и 790 Nm, обата спарени со 10-степена автоматика. Носивоста изнесува 880 килограми, а може да повлече приколка до 5,5 тони.