Toyota за 7.800 евра
» Toyota има модел кој никогаш нема да дојде кај нас, иако многумина со задоволство би сакале да го видат во своите гаражи. Се вика Glanza и таму од каде доаѓа конкурира на модели како што се Hyundai i20, Tata Altroz, Honda Jazz, Volkswagen Polo и други. На Suzuki Baleno не му е конкурент, барем не директен, бидејќи се работи за истиот автомобил. Затоа и сега откако Suzuki во Индија го обнови Baleno, и Toyota ја изгланца Glanza. Овој 3,99 метри долг хечбек има нови светла, друга маска, поинаков браник и дотерана хауба, а назад поголеми светла и нов браник. Опремата е побогата, а внатрешноста модернизирана со друг управувач, изменети преден панел и централна конзола, унапредена инструмент табла и нов 9-инчен екран на инфо-забавниот систем, а во поскапите верзии и со head-up дисплеј. За погон се грижи 1,2 литарски бензинец со 90 KS и 113 Nm, спарен со петстепен мануелен или автоматски менувач.
Зошто во го кажуваме сето ова? Затоа што цената на Toyota Glanza во Индија стартува од 639.000 рупии – малку помалку од 7.800 евра. Овој модел се продава и во Јужна Африка, како Toyota Starlet.