Ќе се изговара Aygo Cross
» Како и што се очекуваше по претставувањето на концептот во март, Toyota продолжува со пласирањето на Aygo, но овојпат во едно поинакво, кросоверско пакување. Потврдувајќи дека идниот модел ќе се вика Aygo X, но ќе се изговара Aygo Cross, Јапонците неговата премиера ја најавија за почетокот на идниот месец. Сосема извесно е дека многу што на овој единствен кросовер од А-сегментот ќе биде преземено од концептот, вклучувајќи ги младоликиот изглед и забавниот карактер. Се развива во Европа на скратена верзија на платформа од Yaris, а со што ќе биде задвижува допрва ќе дознаваме. Како и досега ќе се произведува во фабриката во Чешка, која од почетокот на годинава е во целосна сопственост на Toyota.