По четврти пат едноподруго
» Toyota напиша ново поглавје во историјата на Ле Ман – го освои по четврти пат едноподруго, но сега со GR010 кој е првиот хибриден болид кој победил на легендарната 24-часовна трка. Славата ја понесоа Мајк Конвеј, Камуи Кобајаши и Хозе Мариа Лопез кои во новата хиперкар класа за два круга беа побрзи од своите тимски колеги Себастијан Буеми, Брендон Хартли и Казуки Накаџима. Зад нив трката ја заврши тимот на Alpina Никола Лапиер, Андре Неграо и Метју Ваксивиер.
Возбудливо беше и во останатите класи. Победата во LMP2 ја однесоа Робин Фријнс, Фердинанд Хабсбург и Чарлс Милеси со Oreca, во класата LM GTE Pro Алесандро Пиергуиди, Џејмс Каладо и Ком Ледогар со Ferrari, а во LM GTE Am класата Франсоа Перодо, Никлас Нилсен и Алесио Ровера, исто со Ferrari.