Нов курс во однос на електрификацијата
» До скоро жестоките противници на (пре)брзата електрификација сега зазедоа нов курс – Toyota за инвестиции во производствени капацитети за батерии за електричните возила ќе одвои точно 730 милијарди јени или 5,6 милијарди долари. Од нив нешто малку повеќе од половина ќе останат во Јапонија, а другото оди во САД. Со овие инвестиции се планира Toyota да се обезбеди со производствени капацитети за 40 GWh батерии годишно. Производството во новите фабрики се очекува да започне меѓу 2024 и 2026 година. Во соопштението за јавноста не се споменува ништо за технологиите на батериите, но со сигурност може да се каже дека тие ќе бидат со цврст електролит, поле на кое Toyota има заштитено точно 1.331 патент. Јапонската компанија започна да ги истражува овој тип батерии уште во деведесеттите години, а првите сериски возила со нов се планирани за лансирање до 2025 година.