Нестварно чудо на тркала кое предизвикува стравопочит
» Круна не му треба иако ја заслужува, но и да му треба тешко дека може да му се најде соодветна. Тешко е и да се најдат вистинските епитети за нешто вака необично, затоа повеќе ќе користиме бројки со кои Thor 24 фасцинира. Долг e 13,4 метри и има 3.974 KS испумпани со 12 турбо компресори од два 14-литарски Detroit Diesel V12 мотора, кои и покрај неговата тежина од 14,5 тони му даваат нестварни перформанси крунисани со максималната брзина од 210 km/h. Има мануелен менувач, моќни диск сопирачки и специјално независно ослонување, а за секој случај вграден е и млазен мотор како поддршка. Го има започнато својот живот во 1984 година како нормален Peterbilt 359 влекач, а после децениски верното служење неговиот сопственик место да го однесе на отпад му има дадено шанса за нов живот – со уникатни визуелни модификации со многу хром и полиран алуминиум. На него се работеше цели 7 години и вкупно чинеше 7 милиони долари, а според прописите е легален за употреба на јавните патишта.