Tags:
Tesla: Нема повеќе играње видео игри за време на возењето (видео)

Нема веќе играње видео игри

» Од само ним познати причини, инженерите на Tesla од ланскиот декември имаат овозможено на инфо-забавниот систем на возилата за време на возењето да се играат видео игри. Требаше да помине многу време на оваа сулуда одлука да реагира јавноста изразувајќи загриженост за безбедноста. Оправдано, бидејќи досега многу пати се покажа дека има лудаци меѓу купувачите на Tesla кои несовесно користејќи ги напредните можности, спијат додека се возат. Реагираа и надлежните институции, а грешката ја сфатија и во Tesla, така што калифорниската компанија која сега е од Тексас го оневозможи ова. Истрагата против Tesla сепак ќе биде спроведена.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *