Tags:
Jeep е на чудни маки

Некои чудни гремлини

» Секој производител се соочува со грешки кај возилата, ама ова што му се случува на Jeep е навистина чудно. Најпрво американските медиуми јавија за еден сосема необјаснив баг кај километражата на Wrangler 4xe која едноставно престанува да ги брои поминатите километри (во освој случај милји) кога ќе стигне до бројката 13.342. И вториот проблем со кој се соочија сопствениците на Jeep е софтверски, ама многу е поопасен – после ажурирањето на софтверот, едно или двете главни светла на Grand Cherokee L престануваат да работат. Третиот проблем, пак, лесно се објаснува – новата година дошла порано во фабриката на Jeep каде се произведува Wagoneer и затоа буквите од ознаката на моделот на вратата од багажникот се „весели“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *