Лошите вести секогаш одат по три
» Веднаш откако Елон Маск ја пушти во работа фабриката во Берлин, Tesla ги шокираше Германците со поскапувањето на Model 3. Најпрво беа зголемени цените на поскапите верзии, но онаа на основната остана иста, за сега таа да се искачи за 7.000 евра – од 42.900 на 49.990 евра. Истовремено, во Германија стапија на сила нови прописи за субвенциите со кои на купувачите на овој најпопуларен електричен автомобил таму им следуваат по 5.000 место по 6.000 евра, така што сé на сé поскапувањето на основната верзија на Model 3 изнесува 8.000 евра, односно 21 отсто. Но, тука не завршуваат маките на Германците – најлошата од лошите вести кои секогаш одат по три заедно е што рокот на испорака изнесува мај 2023-та година!