![Tesla со рекордни испораки, ама не стигна до милион](https://turbo1.mk/wp-content/uploads/2022/01/41bbad5240ac598138209b7b3d3dee66-795x385.jpg)
Милионот остана недостижен
» Илон Маск не можеше да се воздржи – уште во првите минути од првиот работен ден нé извести дека во четвртиот квартал и воедно во минатата година Tesla испорача рекорден број возила. Според него, Model S и X заедно (тој така ни ги сервираше податоците) стигнале до 11.750 а Model 3 и Y до 296.850, односно вкупно 308.600 купувачи. Тоа е далеку повеќе отколку прогнозите, што е заслуга на забрзаното темпо на производствените капацитети во Кина. Порастот во проценти изнесува 70 отсто во однос на истиот квартал лани и 30 отсто во однос на претходното тромесечие. На годишно ниво продадени се вкупно 936.172 возила, со што милионот што желно го посакуваше Маск остана недостижен.