„Мускули“ против мускули
» Кој е посилен – малиот Suzuki Jimny или моќната AMG G-класа на Mercedes? Дали малиот јапонски теренец може да си ја измери силината со постариот и сериозно набилдан германски „колега“? Освен очигледната разлика во димензиите, разлика има и во моторите – „германецот“ испорачува големи, многу големи 585 KS додека „јапонецот“ со своите 100 коњи е малку „поскромен“, заради што и настапи со „здружени сили“. Резултатите од овој необичен тест може да ги погледнете во видеото.