Излог на технологиите
» Tesla промени многу што во автомобилската индустрија, а Sony уште повеќе во светот – да набројуваме што сé, ќе стигнеме до Токио и назад. На сето тоа сега ќе бидат додадени и автомобилите. Својот прв исчекор на ова поле јапонскиот гигант го прикажа лани ова време на CES во Лас Вегас, а сега веќе го изнесе на патиштата за тестирање. И според и видеото, фотографиите не го крие многу. Не ни треба, затоа што се горди што Vision-S ќе има автономно возење од 4 ниво овозможено со производите и технологиите што Sony како добавувач на автомобилските производители веќе ги има развиено. Погонот секако ќе му биде електричен, со два електромотора од 540 KS што ќе му овозможат забрзување до 100 km/h за 4,8 секунди и максимална брзина од 240 km/h. Кога ќе стане сериски производ, не е познато.