Tags: ,
Денешниот ден во ретровизор <br/>6 септември 1891 година

Вистинскиот почеток на Peugeot

» На денешен ден 1891 година Peugeot го претстави Type 3, првиот свој автомобил кој беше наменет за продажба. Во претходните години беа направени два други автомобили. Првиот воопшто беше на парен погон, а вториот повеќе беше експеримент – од него беа направени четири прототипи, три со четири и еден со три тркала. Со подобрување на неговата конструкција настана Type 3, со кој реално беше означен почетокот на автомобилското производство на Peugeot. Неговите квалитети се покажаа на велосипедската трка Париз-Брест-Париз каде возеше заедно со натпреварувачите и без поголеми дефекти помина 1.471 километар, најдолго дотогаш со возило на бензин. До 1894 година беа направени 64 примероци, а беше и првиот автомобил во Италија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *