Tags: , ,
Škoda Octavia (1959-1971)

Осмиот чехословачки патник

» По успешниот модел 440 Spartak кој наиде на добар прием во странство, раководството на Škoda одлучи да продолжи со возило направено на негова основа. Така се роди Octavia, која на прв поглед беше премногу слична на својот претходник бидејќи освен одредени детали, најмногу маската и задните светла, каросеријата остана практично непроменета. Сепак, битните промени беа внатре и под кожата. Името го доби по латинскиот збор octavia што значи осми, бидејќи беше осмиот модел на после втората светска војна национализираната компанија. Првите примероци кои ја напуштија фабриката во Млада Болеслава во јануари 1959 година имаа робусен мотор со зафатнина од 1,1 литар сместен напред кој произведуваше 40 KS и преку четиристепен менувач ги задвижуваа задните тркала. Најголемата брзина беше 110 km/h, а просечната потрошувачка 7,7 литри на 100 километри. Се нудеше и со посилен 1,2 литарски мотор со максимални 45 KS.

Атрактивниот флуиден дизајн на каросеријата беше еднакво импресивен како и нејзините возни карактеристики за сфаќањата во тоа време. Техничките иновации, вклучително предната оска со спирални пружини и торзионен стабилизатор обезбедија високо ниво на удобност во возењето и лесна управливост, а асиметричните предни светла поголема безбедност. Предностите на новиот модел ги препознаа купувачите не само во земјата туку и странство, дотолку што на техничката основа на нејзината караванска верзија во Нов Зеланд се произведуваше теренското возило Trekka, единствениот сериски автомобил конструиран во земјата било кога.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *