Tags: ,
Денешниот ден во ретровизор <br/>25 јануари 1952 година

Прв систем за автоматски долги светла

» Само мал број нови возила денес имаат автоматски долги светла – електрониката како да ги заобиколи оставајќи возачот да мора да ги вклучува и исклучува рачно. А првиот систем што место возачот тоа го правеше автоматски е претставен пред цели 70 години, во 1952-рата. Тоа е Autronic Eye, кој General Motors го понуди во моделите на Cadillac, Buick и Oldsmobile. Работеше со помош на фотолампа поставена на контролната табла на возилото која кога ќе детектираше светла од возило што доаѓа во пресрет ги префрлаше светлата од долги на средни.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *