Погледнете како сето тоа изгледа
» Во Тајланд забавата е дел од начинот на живот, а караокито е еден од најпопуларните начини на забава. Но популарни се и патувањата, па некако само по себе се наметна решението да се обединат овие два начина на забава. Така стана тренд да се појавуваат таканаречени shing-shub тури, односно патувања со party and karaoke автобуси опремени со спектакуларно осветлување, моќно озвучување, телевизори, шанкови и каучи наместо седишта. Сé со цел за што подобра забава, која за да на што повеќе луѓе еднакво им се овозможи, постои можност за поврзување на повеќе автобуси во кои ќе се слуша истата музика. Погледнете како сето тоа изгледа.