Tags: , , , ,
И Renault Scenic во електрично издание

Електричен пандан на Kadjar

» Меѓу Megane E-Tech и Renault 5 француската марка ќе лансира уште електричен модел. Станува збор за SUV со габарити колку Kadjar кој следејќи ги трендовите за реанимација на од порано етаблираните автомобилски ознаки би можел да се вика Scenic, со задолжителната додавка E-Tech. На ова укажува и терминот за негово лансирање – 2023-тата, токму за кога е најавена четвртата генерација на моноволуменецот кој веќе беше запишан за бришење од евиденцијата на присутните во понудата на Renault. Треба да биде поставен на CMF-EV платформата и да има две верзии – со 215 KS и 60 kWh и со 239 KS и 87 kWh. Автономијата ќе се врти околу бројката 500. Во план наводно е и спортска Alpine верзија со погон на сите четири тркала. Уводната слика е дело на британскиот Auto Express.

коментари:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *