Tags: , ,
Renault Austral ќе има еден од најголемите екрани (видео)

Модерен во секој поглед

» Наменет да го замени Kadjar во понудата на Renault, новиот Austral во секој поглед ќе биде модерен. Како ќе изгледа веќе видовме, додуша низ маскирните фолии со кои се облепени прототипите кои тргнаа на тура низ европските патишта, а сега францускиот производител ни покажа како ќе изгледа внатрешноста. Но, само на скица – за фотографии ќе почекаме. Сепак и тоа е доволно за да забележиме дека овој SUV од Ц-сегментот ќе има еден од најголемите екрани со површина од дури 774 cm², со намера да внесе малку сјај и префинетост во овој строго комерцијално ориентиран но профитабилен пазарен простор. Мора така, инаку купувачите ќе отидат кај конкурентите, но сигурно не пред во живо да го видат, на што нема многу да чекаат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *