Сега на струја
» Францускиот Renault ги зголеми своите електрични планови ставајќи фокус на нови, пристапни верзии на своите легендарни модели од минатото со цел да се фати брзото темпо што го наметна Volkswagen. Извршниот директор на компанијата Лука де Мео рече дека до 2025 година ќе лансираат 10 нови електрични модели и дека до 2030 година електричните возила ќе сочинуваат 90% од гамата на Renault, што автоматски значи откажување од хибридите кои сега се форсираат. Меѓу новите електрични модели, покрај веќе најавениот Renault 5 чија премиера ќе биде при крајот на 2023 година, ќе биде и духовниот наследник на легендарниот R4 кој годинава го слави својот 60-ти роденден, заради што за очекување е дека Французите ќе ни приредат некое електрично изненадување спакувано познатиот ретро облик за да ја подгреат малку својата амбициозна стратегија. Во прилог на тоа се и скиците со кои беше илустрирано обраќањето на Де Мео.