А кој ќе погоди, ќе добие бесплатно упатство како сам да го стори тоа
» Историјата на автомобилизмот памети низа повикувања на сервис заради бизарни работи – боење на компактното резервно тркало во црвено, замена на местата на ознаките на задниот дел на возилото и што уште не, ама вакво нешто досега немало. Имено, Renault (но по налог на одговорните државни агенции) ги повикува сите сопственици на Megane продадени меѓу 16 април и 11 октомври 2016 година да ги посетат овластените сервиси за во упатството неколку збора да им затемнат со маркер! Се работи конкретно за делот во кој е опишано седењето на децата на задните седишта за кој се смета дека некои детали се двосмислени, односно дека не се доволно јасни и дека заради тоа децата би можеле да отворат некоја од вратите и да се изложат на опасност. Заради тоа сервисерите на Renault се задолжени на неколку места во тој дел на сервисното упатство да го затемнат поимот „и вратите“. Ако не верувате, еве ви линк каде ќе се уверите дека сето ова вистински се случува.
Колку децата ги читаат упатствата за користење на автомобилите не знаеме, но знаеме дека ретко кој од возачите тоа го прави (прочитајте за тоа повеќе тука). Но меѓу кои и да спаѓате вие не треба да се грижите бидејќи сервисната акција на Renault која заслужува титула се однесува само на возилата продадени во Австралија, а такво сигурно немате.
коментари