Tags:
Range Rover: да живее новиот крал!

Новиот автомобилски крал

» Британците се познати по својата традиција, чиј нераскинлив дел е и нивното кралско семејство кое се вози со возила кои се круна во автомобилската хиерархија. Затоа и Range Rover со својата големина и луксуз секогаш е на располагање за излети во природа, но и за вечерно одвезување на уметнички перформанси.

Голем и луксузен, Range Rover е возило кое претставува класа сама за себе. Така останува и во најновото, петто издание. Всушност сега ги надминува критериумите кои и во претходното издание беа ненадминливи. Без никакви дилеми, многумина ќе сакаат да патуваат со него – како возачи или како патници на задните седишта. Новиот автомобилски крал е поставен на MLA Flex платформата која овозможува вградување на бензински и дизел мотори, но и чисто електричен погон кој е предвиден за 2024 година. Силовитиот настап е поддржан од дури осум моторни опции. Тука е класичниот 4,4 литарски V8 твин-турбо бензинец, придружен со трилитарски бензински и дизел мотори комбинирани со мек хибриден погон. Најеколошките верзии ќе доаѓаат со плаг-ин хибридна технологија и само на струја ќе можат да досегнат до 100 km. За илустрација на капацитетите да го посочиме примерот на најмоќната верзија која првата троцифрена брзина ја фаќа за 4,6 секунди.

Врвните технологии кои опфаќаат дури 125 иновации заедно со кралскиот луксуз се сместени на должина од 5.052 mm кај кратката и за 20 сантиметри повеќе кај долгата варијанта. Не знаеме зошто, но кутиестите облици секогаш се поврзуваат со вонвременост, па со слични атрибути можеме да ја опишеме и надворешноста на новиот Range Rover. Идните сопственици ќе можат да уживаат во врвен комфор, а како пример може да послужи можноста електрониката која управува со амортизацијата да може да ги прилагоди сите возни параметри во зависност од податоците кои ги добива од навигацискиот уред. За нивото на вградената опрема кај Range Rover е поприлично непристојно да се дискутира. Има сé што можете да замислите и уште многу други работи кои досега не се сретнати.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *