Скоро час електрично дрифтање
» Не е лесно да се стане светски рекордер. Тоа на своја кожа го почувствува Крис Харис,кој два пати се обиде со Porsche Taycan да го собори светскиот рекорд во дрифт за електрични возила, но не успеа. После него зад управувачот на ѕверката од Цуфенхаузен со погон само на задните тркала (која се продава само во Кина) седна фабричкиот инструктор Денис Ретера кој помина 210 круга од по 200 метри, односно 42,171 километар за време од 55 минути, што беше доволно за Гинис.