Tags:
Porsche за малку ќе имаше сосема поинакво лого

Што ќе беше ако беше

» Логото на Porsche слободно може да го наречеме култно, токму како и спортските автомобили кои препознатливо ја дефинираат компанијата. Составено од комбинација на грбовите на една поранешна германска област и градот Штутгарт, тоа ги означува корените на марката и идеите на нејзиниот основач и иако води потекло од 1952 година, никогаш значително не е изменето. Но малку фалеше Porsche да има сосема поинакво лого. Имено, на првиот автомобил на марката, моделот 356 од 1948 година, едноставно со обични букви беше испишано Porsche, без никакво придружно лого – неговите креатори сметаа дека толку е доволно. Стекнувајќи ја својата слава, тој стекна и сериозни поклоници загрижени зошто компанијата нема лого. Еден од нив на своја рака понуди награда од 1.000 марки за оној кој ќе го креира логото на марката. Но ниедно решение не беше доволно добро.

Идејата за денешното лого дојде од Фери Порше после неговата посета на Њујорк во 1951 година, каде ја виде целата моќ на маркетингот. Тој сметаше дека е потребно воланот да се украси со  грбот на Штутгарт, за една година подоцна дизајнерот Франц Рајмшпис кој исто така го креираше и логото на Volkswagen да го предложи оригиналното решение кое симболизираше сé што треба и беше прифатено. Но деталите со кои тоа филигрански беше украсено и неговиот колоритет предизвикаа и проблеми – не беше ниту лесно ниту евтино да се отпечати во боја, а во црно-бела техника ја губеше смислата. Плус на тоа раководителите на продажбата и дилерите сметаа дека е пренатрупано и не обезбедува визуелен ефект. Затоа и во времето кога 911 се развиваше се појави идеја тоа да се замени. За среќа, брзо беше отфрлена…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *