Tags: , , , ,
Peugeot и Fiat ќе добијат дозвола од ЕУ за спојување

Се создава 4-тиот по големина светски производител

» Иако датумот што сами си го поставија до кога треба да се произнесат е далеку, европските антимонополски регулатори се подготвени да дадат зелено светло за спојувањето на PSA и FCA, со што ќе настане 4-тиот по големина светски производител на возила. Процесот тежок 32 милијарди евра привремено беше закочен заради нивното посочување дека со спојувањето ќе се наруши конкурентноста во класата лесни доставни возила во некои земји од Европа, по што Peugeot излезе со чуден, но очигледно доволно убедлив предлог за надминување на проблемот. Како тоа беше единствената пречка за да се добие одобрување од ЕУ за создавање на идната компанија наречена Stellantis, нејзиното формализирање веќе е извесно.

Се проценува дека здружувањето на PSA со Fiat Chrysler ќе донесе 5 милијарди евра годишни заштеди, без затворање на фабриките.

коментари

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *