Tags: , , ,
Стигна првото одобрение за спојувањето на PSA и FCA

Бразил кажа да!

» Додека се чека ЕУ да даде зелено светло за претстојното спојување на PSA и Fiat Chrysler, двете компании ги собираат потребните одобрувања од соодветните антимонополски регулатори во земјите во кои делуваат. Првото позначајно веќе е испратено на нивната адреса и доаѓа од Бразил, каде тамошниот регулатор се изјасни дека го одобрува спојувањето без ограничувања. Освен Европа од каде треба да стигне најсудбоносната дозвола потребна за официјален старт на новата компанија тешка 38 милијарди долари, важни се и ставовите на администрациите на повеќе други земји, вклучувајќи ги и САД, Кина, Јапонија и Русија.

Stellantis како што е наречена заедничката компанија која ќе биде четвртиот најголем производител на автомобили во светот, очекува целиот процес да финишира во првиот квартал од идната 2021 година.

коментари:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *