Во пресрет на барањата на своите фанови
» Во склоп на одбележувањето на својата 210-годишнина, Peugeot за своите фанови дизајнираше три безвременски часовници насловени како Armand, Since 1810. Тие претставуваат елегантен начин да се оддаде почит на историјата на брендот, при што дизајн лабораторијата на марката целосно го дизајнираше ексклузивниот надворешен изглед, осигурувајќи врвен квалитет.
Секој детаљ на овие часовници е прецизно изработен, како што е името на Peugeot врежано на задниот дел од часовникот, ремчето од плетен метал или пак од порабена кожа. Часовниците Since 1810 ја комплетираат истоимената колекција. Тие се достапни на онлајн продавницата https://boutique.peugeot.com, по цена од 129€ односно 149€ со вклучен ДДВ. Љубителите на историјата на Peugeot ќе можат со гордост да ги носат овие стилски часовници, со нивниот современ сив ламиниран или црн бројчаник со печат Peugeot Since 1810. Безвременски делови каде главна улога имаат трите стрелки и индикаторот за датум. Кожното ремче или ремчето од плетен метал го даваат последниот шмек на елеганцијата. Сигурни и робусни, тие имаат кварцно движење и се отпорни на вода до 50 метри. Овие часовници го носат името Арман, како почит кон основачот на индустриската автомобилска авантура на Peugeot.
Дизајнерите на Peugeot Design Lab ги дизајнираа часовниците по точно поставени стандарди. Нивната плоча комбинира сензуални облини, полирани површини и вдлабнати страни, што е одраз на стилот на најновите автомобили на Peugeot. Квалитетот на лакот на куќиштето и задниот дел на часовникот му дава дополнителен шмек, наследен од искуството на Peugeot во областа со работењето со челик. Копчето за обележување време е потпишано со Peugeot, а на задниот дел од часовникот е врежано Peugeot или Peugeot Legend.
Овие нови часовници ја комплетираат колекцијата облека, стил и сервисот за јадење, славејќи ја 210-годишнината од постоењето на Peugeot.