Tags: ,
Peugeot, Citroen и Opel се решија само за електрични комби возила

Нема повеќе дизел, ниту бензин – само струја

» Групата Stellantis, поточно нејзините PSA членки Peugeot, Citroen и Opel одлучија во иднина да нудат само електрични комби возила од пониската и средна категорија. Конкретно зборуваме за Rifter и Traveller од Peugeot, Berlingo и Spacetourer од Citroen и Combo и Zafira Life од Opel, додека од Fiat за нивните идни модели базирани на нив и од Toyota кои ги продава под своите ознаки засега нема никакви најави дали и тие ќе бидат нудено исклучиво како електрични. Да нема забуна, се работи за врвно опремените патнички изведби на оние модели од кои некои ние ги познаваме под други имиња – доставните и повеќенаменските кои всушност се поевтина патничка изведба на доставните верзии, и понатаму ќе бидат достапни со дизел и бензински мотори. Но треба да се напомене и дека кој сака и нив ќе може да ги набави со електричен погон, кој во сите случаи е тој истиот базиран на 136-коњскиот електромотор и батериите од 50 или 75 киловат-часа. За нивните цени и достапноста, ќе треба да се обратите до соодветниот увозник на марката која ја преферирате бидејќи станува збор за идентични возила со минимални разлики.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *