Tags: ,
Peugeot 402, првиот дизел автомобил на марката

Направен со специјална дозвола на властите

» Првото патничко возило на Peugeot со дизел мотор беше моделот 402. Овој автомобил претставен 1935 година имаше складна аеродинамична каросерија со светла скриени зад маската и дволитарски мотор со 55 коњски сили со кој постигнуваше 120 километри на час. Француската марка произведуваше дизел мотори уште од 1928 година кои се вградуваа само во чамци, железнички возила, трактори и комерцијални возила, бидејќи според тогашните прописи не беше дозволено да се вградуваат во автомобилите. Peugeot побара специјална дозвола и при крајот на 1938 година беа подготвени неколку прототипи на 402 кои место со 2,1 литарскиот бензински мотор со 60 KS кој тогаш се вградуваше во него, ги опреми со 2,3 литарски дизел со 55 коњски сили. Резултатите од тестирања беа повеќе од задоволувачки – тој трошеше за една третина помалку гориво. Идната година неколку десетици возила со дизел мотор им беа испорачани на таксистите, со намера да се докаже издржливоста на погонската единица. Но истата 1939-та Франција ѝ објави војна на Германија и животот тргна во друга насока…

Потенцијалот на дизел моторите сепак беше препознат од Peugeot, кој го популаризираше во 1959 година со моделот 403, кој инстантно стана омилено возило на такси возачите во Париз. Неполна деценија после него со дизел мотор се појави и 204, а освојувањето на сите автомобилски класи го заокружија 205 во 1983 година и 106 во 1991-вата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *