Цена, боли глава!
» Peugeot во Франција започна да прима нарачки за новиот 308, кој го претстави пред три месеци. Производството веќе му е започнато, а првите испораки се најавени за септември. Понудата стартува со трицилиндричните бензинци од 110 и 130 KS, па преку дизелот со иста силина оди до двете плаг-ин хибридни верзии со 180 и 225 KS. Во зависност од моторот се вградуваат 6-степени мануелни или 8-степени автоматски менувачи, а купувачите можат да бираат меѓу пет пакети опрема. Цените се движат од 24.800 па сé до 44.900 евра.